Македонија

Пет комисии денеска ќе одржат седници во Собранието

Пет комисии денеска ќе одржат седници во Собранието

Во Собранието денеска седници ќе одржат комисииите за финансирање и буџет, за одбрана и безбедност, за труд и социјална политика, Законодавно-правната комисија и Комисијата за економски прашања.

Комисијата за финансирање и буџет ќе расправа за Предлог-законот за задолжување на Република Македонија кај Меѓународната банка за обнова и развој-Светската банка по Договорот за заем за Вториот програмски заем за развојни политики за конкурентност, по скратена постапка, како и за Статутарната одлука за изменување и дополнување на Статутот на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија.

Единствена точка на дневниот ред на Комисијата за одбрана и безбедност е Предлог-законот за дополнување на Законот за служба во Армијата на Република Македонија, по скратена постапка, во второ читање.

Комисијата за труд и социјална политика треба да се изјасни по предлог-измените на Законот за социјалната заштита  и на Законот за агенциите за привремени вработувања, двата во второ читање.

Членовите на Законодавно-правната комисија во рамки на 153. седница ќе дебатираат за Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за вработување и работа на странци, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за социјалната заштита, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за агенциите за привремени вработувања, сите во второ читање.

По завршување на оваа седница ќе започне 154. седница на Законодавно-правната комисија на чиј дневен ред се Предлог-законот за дополнување на Законот за служба во Армијата на Република Македонија, по скратена постапка; Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за стечај, по скратена постака; Предлог-законот за задолжување на Република Македонија кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светската банка по Договорот за заем за Вториот програмски заем за развојни политики за конкурентност, по скратена постапка; Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за учебници за основно и средно образование, по скратена постапка; како и Утврдување за Пречистен текст на изборен законик.

За Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за стечај, по скратена постака треба да се произнесе Комисијата за економски прашања.