Со голи раце се фрлил врз напаѓаџот во кампусот во Орегон

Студент херој се обидел да го спречи крвавиот поход на напаѓаџот во кампусот во Орегон, но во тој обид бил застрелан пет пати, пренесува Дејли меил.

Воениот ветеран Крис Минц (30) бил еден од студентите во колеџот во Орегон, кога напаѓачот Крис Харпер Мерсер упаднал во зградата и почнал да ги убива студентите одделувајќи ги според верската припадност.

Минц со тешки повреди е префрлен во болница. Неговиот роднина Дерек Буржоа за „Дејли меил“ изјавил дека Крис самостојно застанал на патот на напаѓачот во обид да ги спаси студентите.

Со голи раце се фрлил врз напаѓаџот во кампусот во Орегон
Со голи раце се фрлил врз напаѓаџот во кампусот во Орегон

Ми кажаа дека скокнал врз напаѓачот. Не постоела можност тој мирно да стои и да посматра додека се случувало нешто толку страшни вели Буржоа.

Минц бил застрелан неколку пати, но виталните органи не му се повредени. Во монетов се наоѓа на операција во локалната болница.

Како што наведуваат членовите на неговото семејство двете нозе му се скршени и тој ќе мора повторно да учи да оди.

Буржоа вели дека тој и Минц заедно станале војници откако завршиле средно училиште. Минц потоа почнал да се бори во ултимат фајт, а нколеџот се обучувал за фитнес инструктор.

Криз Харпер Мерсер уби најмалку 10 студенти во колеџот во Орегон. Тој при нападот ги издвоил христијаните од останатите. Инаку, според „Дејли меил“ Мерсер е по потекло од Велика Британија.

За нападот во студентскиот кампус во Орегон, повеќе на следниот линк.