Балкан

Пет лица починале од салмонела во дом за стари во Србија

Пет лица починале од салмонела во дом за стари во Србија

Во болницата во Чачак од салмонела починала старица која се заразила во домот за стари лица каде што престојувала. Таа е петта жртва на заразата викендов, 10 луѓе се наоѓаат на лекување во болницата, а 18 се во карантин.

Вкупно 41 лице во домот за стари се заразиле од салмонела, од нив 29 се штитеници на домот, 10 луѓе се од помошниот персонал, како и двајца мештани кои биле во контакт со заболените. Во моментот на избувнување на епидемијата во домот имало 54 луѓе.

Центарот за контрола и превенција врши постојан надзор. Надлежните се сомневаат дека труењето настанало од расипани велигденски јајца, но засега нема официјална потврда за ова бидејќи резултатите од анализите ќе бидат готови во понеделник