петок, 21 јули 2017  |  Вести денес: 55

Пет лица повредени во девет сообраќајки во Скопје

Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје се случиле девет сообраќајки од кои четири се со последици материјална штета, а пет се со последица телесни повреди со кои се здобиле пет лица.

soobrakajka-aaa-640x385

Поврзани вести

Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје се случиле девет сообраќајки од кои четири се со последици материјална штета, а пет се со последица телесни повреди со кои се здобиле пет лица.

Како што информира за МИА самостојниот инспектор Драган Вељановски, вчера по спроведените контроли над учесниците во сообраќајот од страна на сообраќајната полиција, откриени и санкционирани се поголем број прекршоци.

Дванаесет возачи не ги почитувале ограничувањата на брзината на движење, двајца возачи за време на управување на моторните возила биле под дејство на алкохол, четворица поминале на црвено светло  на семафорот, осум лица за време на  управување на моторните возила, не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон.

Затекнати се и тројца возачи  кои за време на управување на велосипед со мотор,  мопед и  мотоцикл не го носеле заштитниот шлем.

Со помош на  специјалното возило „пајак“ во текот на изминатиот ден отстранети се 74 возила.

Во рамките на проектот „Сообраќајна култура на децата во предучилишните установи“ ќе бидат реализирани едукативни работилници во градинката „Раде Јовчевски Корчагин“ објект „Пинокио“ која се наоѓат на подрачјето на општина Центар.

Најчитани вести