Пет лица повредени во пет сообраќајки во Скопје

скопје

Сообраќајната полиција вчера санкционирала 14 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, двајца возачи се исклучени од сообраќај поради управување на возилото под дејство на алкохол, двајца возачи поминале на црвено светло на семафор, како и 14 возачи кои го управувале возилото без возачка дозвола, односно нерегистрирано. Санкционирани се и осум пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин, односно поминале на црвено светло на семафор, а затекнати се и 58 непрописно паркирани возила.

Со специјалното возило „пајак“ отстранети се 61 возило.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.