Пет лица повредени во сообраќајка во Тетово

Пет лица се здобиле со телесни повреди откако вчера во 14:30 минути С.С.(53) од село Гајре загубил контрола врз патничко возило „Голф 2“ по што автомобилот се превртел на покривот.

Сообраќајната несреќа се случила на регионалниот пат Попова Шапка-Тетово.

Според портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски, од излетувањето и превртувањето возачот и четворица сопатници од возилото М.С.( 21 ),Х.С.( 54 ), Ф.С.( 44 ) и Б.С .( 45 ) се здобиле со телесни повреди и набрзо се пренесени во тетовската Клиничка болница.

-По укажаната помош тројца од нив се пуштени дома додека возачот и сопатничката Ф.С. задржани се за натамошно лекување. Извршен е увид и се утврдуваат причините за несреќата. Првично причина е неприлагодена брзина а вкупната материјална штета се проценува на околу 20 илјади денари, изјавил Јосифовски.