Автомобил излета од патот: Пет лица повредени

Пет лица, меѓу кои и 10 годишно дете се повредени откако автомобил излета од патот. Сообраќајната несреќа се случила вчера попладне на локалниот пат Раковец-Пирок.

Автомобил „Опел зафира“ со странски таблици, управуван од 35-годишниот А.О. од Пирок, загубил контрола, удрил во бетонска шахта и излетал од коловоз.

Автомобил излета од патот: Пет лица повредени
Автомобил излета од патот: Пет лица повредени

Во несреќата повредени се пет сопатници на возраст од 10 до 35 години, сите од Пирок.

Како што информираат од СВР Тетово по укажаната лекарска помош во тетовската болница сите се пуштени на домашно лекување.

Првично, причина за излетувањето е пребрзото возење.