Пет лица уапсени во Холандија – местеле натпревари

Финансиската полиција во Холандија уапси пет лица, осомничени за местење натпревари.

Три од нив се осомничени дека се дел од “криминална организација која делува во Холандија, а се занимава со нелегално обложување”, едно лице е обвинето за фалсификување документи, додека последниот од групата е осомничен за перење пари.

“Интегритетот на холандскиот фудбал мора да биде заштитен, и ние ја поддржуваме секоја акција на полицијата со цел спречување на местени натпревари, не само кај нас туку и секаде во светот” – се наведува во соопштението од Фудбалскиот сојуз на Холандија.