Балкан

Пет лица загинаа во поплавите во Бугарија

Пет лица загинаа во поплавите во Бугарија

Во невремето и поплавите во Бугарија загинаа пет лица, меѓу кои и едно дете, а по една триесетгодишна жена се уште се трага, објави МИА.

Спасувачките екипи ги пронашле телата на деветгодишно дете и неговиот татко, кои се удавиле во селото Илинденци, соопшти Полициската управа во Благоевград.
Една жена загинала кога врз нејзиниот автомобил во движење паднало дрво кое го соборило силен ветер, соопшти полицијата во градот Русе.
И натаму се трага по триесетгодишна жена во градот Петрич, на југозападот на Бугарија, како и по брачен пар, чиј џип слета од патот во река во центарот на Девин.
Многу општини се во критична ситуација по обилните дождови, а во одбрана на Смољане, каде ситуацијата е најтешка, ангажирана е и војската.