Пет лица загинаа во страшната сообраќајка кај Битола

Вечерва нешто околу 21:00 часот кај Лознани битолско се случи тешка сообраќајна несреќа во која пет луѓе загинаа, а двајца патници се тешко повредени и се пренесени на клиниката во Битола на одделението за интензивна нега, јавува битолска ТВ Тера.

Од СВР Битола за Тера ја потврдија информацијата. Незгодата се случила на новиот пат Битола- Прилеп. Клучката на влезот на Битола е затворена за сообраќај, а возилата се пренасочуваат по стариот пат.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.