Пет маскирани лица од скопско ограбиле Сиријци, има и ранет

Пет маскирани лица во униформа синоќа запреле група од осумнаесет илегални мигранти од Сирија и истите ги ограбиле.

Од мигрантите биле одземени 335 евра, 8.000 денари и 2 мобилни телефони.

За време на разбојништвото употребено било и огнено оружје од страна на едно од  петте лица и притоа повреден е еден од сириските државјани во пределот на левата надколеница. Сиријците го совладале лицето кое пукало, односно дваесетгодишниот Б.Ш. од село Студеничани, кој бил предаден во полициска станица.

Повредениот Сириец бил пренесен во Ургентниот Центар-Скопје, каде му се констатирани телесни повреди и е задржан на понатамошно лекување.

Против Б.Ш. по брза постапка ќе биде поднесена соодветна кривична пријава додека пак по останатите лица интензивно се трага.