понеделник, 27 март 2017  |  Вести денес: 61

Пет милиони евра преку ИПА за консолидација на земјиштето

132976569

Последни вести

За консолидација на земјоделското земјиште, Македонија преку ИПА Програмата 2015 – 2017 година има на располагање пет милиони евра.

Како што рече денеска заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Ванчо Костадиновски, консолидацијата значи подобра и поефикасна обработка на земјиштето, поголем принос и поголема конкурентност. Ќе се спроведува на доброволна основа, а интересот кај земјоделците е голем.

Токму на иницијатива на земјоделците, во село Егри, Битолско, ќе се консолидираат вкупно 360 хектари – парцели во сопственост на 214 производители со што ќе се создаде комплетно нов катастарски план, додека во општина Конче се работи на окрупнување на површините со размена на приватни парцели.

– Ќе се воспостави модел што ќе ги привлече земјоделците да се вклучат во постапката за консолидација иако теренското истражување покажа дека и онака интересот е голем. Консолидираните реони планираме финансиски да ги поддржиме од Програмата за рурален развој, а конкретно во Егри треба да се изградат соодветна инфраструктура, пристапни полски патишта до новоформираните парцели и канал за одводнување, напомена Костадиновски.

За ефикасно спроведување на консолидацијата, донесени се и законски измени.

– Досегашната примена на Законот за консолидација покажа одредени технички проблеми. Целта на измените е нивно надминување и пред се создавање услови за поефикасна и потранспарентна постапка за консолидација, подвлече заменик-министерот.

Законот за консолидација беше донесен во 2013 година, а анкетирањето на заинтересираните земјоделци и вградувањето на нивните идеи, потреби и барања се спроведува од лани. Досегашните активности се поддржани со техничка и експертска помош од ФАО.

Најчитани вести