Пет милиони евра за субвенции на земјоделците од полошко оваа година

Премиерот Груевски од Тетово истакна дека земјоделците секогаш ќе имаат полно внимание. Тој потенцира дека за помош при купување на земјоделска механизација и за изградба на локална инфраструктура во селата се инвестирани 2 милиони евра.

– Во тетовско-гостиварскиот регион во изминатите години земјоделците добија над 30 милиони евра субвенции, односно по околу 5 милиони евра годишно. И оваа година полошките земјоделци ќе добијат нови 5 милиони евра за субвенции. Значајно за овој регион е и тоа што веќе започнавме активности за изградба на Хидросистемот Равен-Речица со кој ќе се овозможи наводнување на нови 3 200 хектари земјоделско земјиште и вредност на инвестицијата од 19 милиони евра, рече Груевски.