Свет

Пет милиони тони нафта годишно ќе добива Кина од Русија

Пет милиони тони нафта годишно ќе добива Кина од Русија

Русија и Кина во Пекинг потпишаа технички договор за привремена промена на количеството на испорачана нафта за Кина во периодот 2015-2017 година.

– Ги усогласивме дополнителните детали за испораката на нафта и сега освен Сковородино ќе можеме да испорачуваме дополнителни количества и по друга маршрута. Тоа се пет милиони тони, додека тече проширувањето на нафтоводот од кинеска страна, изјавил првиот човек на „Росњефт“, Игор Сечин.

Оваа измена на „Росњефт“ ќе му овозможи да испорачува дополнителни пет милиони тони нафта годишно за потребите на кинеската економија, пренесе ТАСС.