Пет мртви и 19 исчезнати во несреќа кај хидроцентрала во Индија

Пет тела се пронајдени денеска во реката Беас во северот на Индија. Реката однела 24 студенти во неделата вечер кога од хидроцентралата во близина била испуштена голема количина на вода.

Студентите последен пат се забележани во неделата навечер на брегот на реката Беас. Петте тела се пронајдени утрово, а спасувачките екипи продолжуваат да трагаат по останатите 19 студенти, пренесува Си-Ен-Ен.

Растот за водостојот е предизвикан од отворањето на браната. Весниците пишуваат дека немало претходно предупредување до жителите кои домуваат во близина на брегот дека од хидроцентралата ќе се испушта вода.