Пет начини како да избегате од првиот состанок

Веќе сте отишле на првиот состанок, но сепак сте сфатиле дека тоа не е тоа. Ама тој е упорен и сака да го продолжите „измачувањето“. Овие мали совети ќе ви помогнат како да го „откачите“.

  1. Говорете за неуспешните први состаноци и озборувајте ги другите момци.
  2. Говорете за вашето поранешно момче. Измислете неколку неверојатни начини на кои ве повредил.
  3. Закачете се на социјалните мрежи. Земете го телефонот и немојте да го испуштате од раце.
  4. Категоризација во првите 5 минути – немојте веднаш да носите одлуки дека момчето со кое сте се нашле е толку здодевно.
  5. Алкохол! Ако нешто ги одбива мажите најмногу, тоа е пијана девојка.