Секс

Пет начини на кои мажите потајно изневеруваат

Пет начини на кои мажите потајно изневеруваат

Сите знаеме што значи вистинско изневерување, но што кога мажот само споделува интимни работи и проблеми со друга жена, кога го гледа профилот на поранешната девојка или кога дава комплименти на колешката?

Овие работи на прв поглед можеби изгледаат невино, но за некои жени ова се вбројува во изневерувањае…

Мажите неверството го доживуваат и толкуваат малку поинакво отколку жените, велат научниците од Универзитетот во Мичиген. Нешто што нив им изгледа целосно „невино“, жените тоа може да го сфатат како изневерување.

Доверување проблеми на друга жена

Особено ако тие се однесуваат на озборување на партнерката и проблеми во врската. Даниел Кругер, професор на Универзитетот во Мичиген, вели дека станува збор за така наречена „информациско неверство“. Да му ги доверувате некому слабостите на својата девојка и да расправате за својата врска со друго лице секако укажува на интимност, а може лесно да доведе и до физично неверство. Таквите видови неверство можеме да ги толкуваме како емоционално поврзување кои жените потешко го доживуваат и простуваат отколку секс со друга жена.

Проверување на профилот на поранешната девојка на Фејсбук

Гледањето на профилот на поранешната девојка на Фејсбук може да биде безопасно како и проверувањето на профилот на пријателот од средно, но признајте дека можеби малку мечтаете за минатото и замислувате каква е и како би ви било да сте заедно.

„Генерално веруваме дека мажите не се грижат за емоциите и чувствата и ги интересира само секс“, вели Џастин Ситрон, професор од Универзитетот Вајднер. Но, иако жените потајно ќе ги погледуваат профилите на поранешните, истражувањето покажало, дека им замеруваат на мажите кога ги гледаат профилите на своите поранешни. Можеби баш поради трудот што го вложиле и љубопитноста треба да се сомневаат дека се уште кријат некоја емоција.

Купување пијалок на друга жена

И притоа не се подразбира честење на група колешки или пријателки со кои сте на кафе на пауза. Ако почестите пијалок една жена и тоа го повторите повеќепати, мора да се работи за нешто друго. Да се биде љубезен и мило момче кое ќе ја почести колешката кафе е во ред, но излегувањето со една посебно не е вообичаено однесување на верен маж, морате да признаете.

Излегува на вашето место, но без вас

Знак дека нешто не е в ред и за неверство е заминувањето со друго лице на посебни места. Омилениот ресторан во кој што сте ја прославиле годишнината од врската или бракот, посета на слаткарницата во која сте излегле со девојката кога сте се запознале.

Давање комплименти на друга жена

Ако мажот забележи дека некоја жена ја променила фризурата или дека има нов фустан навистина нешто не како што треба да биде. Имено, очигледно веќе му го привлекла вниманието па поради тоа забележува детали, кои мажите, рака на срце, не ги забележуваат често. А, уште ако и’ даде комплименти, алармот за тревога може да слободно да се вклучи.