Пет награди за македонски готвачи на Меѓународно првенство во Будва

Македонскиот национален тим освои два златни и два бронзени медали и една диплома за четврто место.

Македонскиот тим настапи со тројца натпреварувачи во сениорска конкуренција, а во поединечна конкуренција натпреварувачите подготвуваа топло предјадење од риба и морски плодови, главно јадење од пилешко или избор по сопствена желба и десерт.

Македонските готвачи се натпреваруваа во конкуренција на готвачи и шефови на кујни од 11 земји учеснички на годинашниот натпревар и тоа од Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија, Словенија, Словачка, Украина, Турција, Русија и Албанија.