Пет најлоши типови мажи што може да ги запознете „онлајн“

Пет најлоши типови мажи што може да ги запознете „онлајн“
Пет најлоши типови мажи што може да ги запознете „онлајн“

Интернетот е моментално еден од најпопуларните начини на запознавање на вашето потенцијално момче – веднаш може да ги видите неговите фотографии, интереси и по пат на чат за прв пат да поразговарате, што би можело да биде доста непријатно во живо. Но, има и лоши страни, мажите што ќе ги запознаете може да бидат во најмала рака чудни.

Човек од две букви

Многу е заинтересиран за тебе, но кога ќе ти се јави, наместо воведна реченица пишува само: Еј! Од ваквите мажи треба да бегате, да има нешто паметно да каже би кажал веднаш. Ова е очигледно тип кој очекува вие да се трудите околу него, а тој само да ужива.

Човек од премногу букви

Спротивно на оној што премногу малку говори е оној што говори премногу. На почетокот мораме да говориме многу за себе, но тоа не подразбира писма од неколку илјади зборови во кои говори се за себе. Типот кој за време на второто или третото допишување веќе почнува да ја открива историјата на болеста на неговата прабаба очигледно е помалку чуден.

Оставено момче

Неговата цел не е да пронајде супер девојка – негова цел е да ја преболи старата девојка која го повредила. Ниту тоа не е лошо, но внимавајте на таквите типови, ако премногу говори за поранешната девојка, очигледно сеуште има чувства за неа.

Инстант маж

Еден разговор и веќе ве нарекува „љубов“? Мажите што го прескокнуваат вообичаениот тек на запознавање и веднаш се однесуваат како да сте веќе долго време во врска се многу чудни и емоционално нестабилни.

Дејвид Копрефилд

Неколку интересни разговори и таман кога ќе помислите дека се тргнало на добро – тој исчезнува. Има многу такви мажи, а за сите нив едно е заедничко: се допишуваат со многу девојки, па кога една нема повеќе да им биде интересна, едноставно исчезнуваат.