Пет нешта што вашите деца не ги сакаат од вас за Нова Година

Деновиве сите родители размислуваат за тоа каков подарок да стават за нивните најмили под елката. Но наместо да се измачувате со тоа што вашето дете би сакало да му подарите, прво би требало да знаете што не сака.

Од празничната прослава да направите досадна обврска

Ако во вашето семејство новогодишните и божикните празници претставуваат проект со елаборат од 150 страници што детално пропишува како ќе го уредите домот, како ќе ја поставите и ќе ја декорирате трпезата, што ќе јадете и ќе купувате, тогаш целата забава сте ја претвориле во нешто што е „задолжително“, а празниците се стресна обврска што нема да биде убаво ниту за вас, ниту пак за вашите деца.

Да им го подарите баш она што го барале

Ако под елката се најдат само подароците што децата ги побарале или покажале дека ги сакаат, ќе недостига факторот на изненадување и пак го имате случајот на „исполнување на обврските“, затоа што таквите подароци од родителите бараат толку посветеност како и отворањето на паричникот на касата. Пробајте да откриете што друго би можеле да посакаат децата ако постојано не се бомбардирани со реклами за една иста нова играчка. Обидете се да им го проширите полето на интерес со подарување на нешто што немале прилика да го откријат самите и што им е доволно блиско за да ги израдува.

Да ги поминете празниците со далечинскиот управувач во раце

Покрај 100-тината…

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.