Пет неверојатно едноставни начини да возбудите маж

Ако сакате навистина да возбудите маж, морате да ги стимулирате и неговото тело и неговиот ум. Тоа не е толку тешко колку што звучи. Обидете се да ги применувате овие пет едноставни трикови и ќе видите:

Зборувајте валкано

Многумина сакаат да научат како да зборуваат валкано. Тие најчесто мислат дека мораат да изговараат најсрамни и најлоши работи, но тоа не е добро. Многу подобар начин е суптилно да ги наговестувате своите планови за подоцна. На пример: Кога ќе те видам во таа маица, посакувам сите овие луѓе да исчезнат“ или „Едвај чекам да останеме сами. Ќе направам нешто што мислам дека ќе ти се допадне многу“ и слично. Ова ќе ја одржи неговата возбуда, додека безобразните зборови би успелае да ја задржат само неколку минути.

Внимавајте на своите движења

Наједноставен начин да возбудите маж е да направите неколку мали измени во своите движења. Забавете ги своите движења кога зборувате со него и вашиот говор на тело се’ ќе му каже. Друг добар начин е нагласување на движењата така што вашето момче може јасно да ги види вашите најголеми адути. Во тоа може да ви помогнат високи потпетици или облека кој ќе го нагласи она што сакате да ги истакнато.

Допирајте се

Ако сакате да возбудите маж, допирајте го што повеќе. Да, мажите се возбудуваат и од самиот поглед, но ако на тоа додадете и допир, тотално ќе го излудите. „Допирање“ не се однесува само на интимните ерогени зони, туку на нежни допири воопшто – допрете му го рамото, грбот, рацете, вратот – сето тоа ќе го возбуди.

Сексуалната тензија е многу важна

Ако сакате вашето момче секој пат да се возбуди максимално, секојпат создадете сексуална тензија. Одржувајте и полека зголемето го неговото возбудување и тој константно ќе мисли на вас се’ додека не ве „дофати“. Не бидете отворено сексуални, туку суптилно и во склад со моментот.

Брзи начини да го возбудите

Покрај четирите горенаведени тактики, постојат три конкретни работи кои може да ги направите.

–       Следниот пат кога ќе седите во ресторан или на некое други јавно место или на софата во домот спуштете ја раката на неговата нога. И не зборувајте ништо. Тоа е совршен начин пасивно да го возбудите.

–       Пратете му порака и создадете сексуална тензија часови пред да го видите

–       Барем една во две недели изненадете го кога не очекува – бакнете го сензуално, влезете му додека се тушира, измисирајте го и слично.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.