Пет нови специјалисти сакаат да работат на „Ало докторе“

Се зголеми интересот за работа во повикувачкиот центар на “Ало докторе”.

Допонителни 5 специјалисти изразиле интерес за работа во центарот. Сите имаат повеќе од 10 години работно искуство. Како што дознава zdravstvo24.mk, една од нив е докторка од Брза Помош која е специјалист.

Утре ќе се знае кога ќе почнат со работа. Од понеделникот кога стартуваше повикувачкиот центар досега има околу 1000 јавувања на граѓани кои барале лекарски совет за поголем број на патологии.

Неколку десетици по проценката на специјалистот биле упатени кон Брза Помош. Во центарот работат 13 специјалисти меѓу кои двајца веќе пензионирани. Дежураат и директорите на скопските клиники и здравствени установи во Скопје.

Иако е рано да се коментира, сепак, лекари велат дека центарот ја постигнал целта според која треба да се растерети службата за Итна помош каде досега се јавувале за се и сешто и може да се случи екипата да не стигне на место каде има итен случај.

Од друга страна, пак, граѓаните по телефон можат да добијат совети од специјалист за она што ги мачи. За болка во грб, стомак или колено, наместо на 194 како досега, советите ги добиваат на 15123.