сабота, 3 декември 2016  |  Вести денес: 28

Пет обвиненија за убство за напаѓачот од Берлингтон

Американските власти покренаа пет обвиненија за убиство со умисла за напаѓачот кој уби пет лица во трговски центар во сојузната држава Вашингтон, јави Си-Ен-Ен.

132775410

Поврзани вести

Арџан Четин се појави пред судот, што му определи гаранција од два милиона долара. Дваесетгодишниот маж, кој во САД имигрирал од Турција, признал дека ги извршил убиствата.

Четин беше уапсен во саботата, откако претходниот ден застрела пет лица во трговски центар во градот Берлингтон.

Неговиот очув изјави дека Четин страдал од психички проблеми.

Најчитани вести