Пет од пет за Милан, три бода за Ибраими

Фудбалерите на Милан забележаа уште еден триумф, петти во низа, откако сосема заслужно со убедливи 3:0 го победија новајлијата во елитното друштво, тимот на Ливорно.
Првиот погодок на натпреварот беше дело на контроверзниот напаѓач Марио Балотели, на 2:0 зголеми мароканскиот интерационалец Адел Тарабт, а во листата на стрелци се запиша и Џампаоло Пацини.
Сигурен триумф од 2:0, но на гостувањето во Парма, забележаа фудбалерите на Интер, а без победник 1:1, заврши дуелот помеѓу екипите на Удинесе и Наполи.
Последните 25 минути од натпреварот ги одигра и поранешниот репрезентативец на Македонија, Горан Пандев.
Минимална но злато вредна победа на гостувањето во Џенова забележаа фудбалерите на Калјари, а целиот натпревар го одигра репрезентативецот на Македонија, Агим Ибраими.
Резултати: Милан – Ливорно 3-0, Аталанта – Верона 1-2, Катанија – Сампдорија 2-1, Киево – Сасуоло 0-1, Џенова – Калјари 1-2, Лацио – Торино 3-3, Парма – Интер 0-2, Удинезе – Наполи 1-1.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.