Пет одличја за македонските пливачи во Бања Лука

На силниот меѓународен плчивачки митинг “22-ри Април” во Бања Лука, членовите на пливачкиот клуб Бета освоија пет медали.

Најуспешни македонски пливачи беа:

– Љупчо Ангеловски второ место (сребрен медал) во дисциплината 50 метри грбно и трето место (бронзен медал) во дисциплината 50 метри делфин.

– Марко Бејатовиќ трето место (бронзен медал) во дисциплината 500 метри грбно.

– Андреј Стојановски второ место (сребрен медал) во дисциплината 800 метри слободно и трето место (бронзен медал) во дисциплината 1500 метри слободно, а успеа да се избори за финале во силна апсолутна категорија во дисциплината 400 метри мешано и 800 метри слободно.

Нашите јуниори ги дела неколку стотинки за да влезат во финалињата во апсолутна категорија.

На овој митинг во Босна и Херцеговина учествуваа 550 пливачи од 8 земји и вкупно 63 клубови. Тие се бореа за постигнување на норми за Светското првенство во Казан 2015 и Олимписките игри во Рио 2016.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.