Пет одлични зимски коктели

Шарени, весели, големи коктели се асоцијација топло лето и немирни бранови, но има и коктели кои се одлични за студените зимски ноќи, вкусни, топли и ароматични.

Што се спуштат температурите како да забораваме на коктелите,па повеќе внимание им посветуваме на виното и жестоките пијалоци.

Но, еве неколку кратки одлични рецепти за вкусни коктели, што значи рецепти за одлична забава со пријателите за овој студен петок.

Hot Milk Punch

0,02л. темен рум

0,02л. бренди

1 мала лажичка шеќер

Млеко

Морско оревче

Подготовка:

Измешајте ги румот, брендито и шеќерот во една чаша. Додадете топло млеко до врвот на чашата и пуштете неколку морски оревчиња внатре.

Hot Buttered Rum

2 коцки шеќер

Вода

0,04л. темен рум

Мала коцка не солен путер

Подготовка:

Во чаша ставете малку топла вода и ставете го шеќерот и путерот да се стопат. Додадете го румот. Дополнете ја чашата до врвот со вода.

Irish Coffee

0,04л. Ирско виски

1 филџан топло еспресо

2 мали лажички шеќер

Цврст шлаг

Подготовка:

Во чаша ставете ги вискито, еспресото и шеќерот и промешајте ги убаво. Потоа ставете го шлагот, почнувајќи од краевите на чашата кон средината.

The Blizzard Cocktail

0,04л. Виски

0,02л. ликер од лешник

0,02л. Бејлис

Доза еспресо

Шлаг

Подготовка:

Во чаша ставете го прво кафето додека е топло, потоа додадете го алкохолот, а на крај декорирајте со шлаг.

Tom and Jerry

1 јајце

1 лажичка шеќер

О,02л. Темен рум

0,02л. Коњак

1 чаша топло млеко

Подготовка:

Одвојте ги жолчката и белката од јајцето, а потоа изматете ги. Земете чаша, ставете ja изматенaта жолчка, па алхоколот, шеќерот и на крај топлото млеко и убаво промешајте. На крај декорирајте изматената белка и со мелени ореви.