Пет пара групно се венчаа во Велес

Во организација на Повардарската епархија, синоќа во Соборниот храм „Свети великомаченик Пантелејон“ во Велес се одржа седмата групна венчавка.

За венчавката се пријавиле седум брачни пара, а дошле и се венчале пет.

-Целта на оваа венчавка е оние брачни парови кои поради низа причини пред многу години кога се земале не се венчале во црква, туку само во матично, сега да го извршат и овој свет чин, истакна свештеникот Мики Миовски, додавајќи дека Повардарската епархија тоа им го овозможува бесплатно и дека оваа традиција ќе продолжи и во наредните години.

Групната венчавка ја изврши Миовски, заедно со уште тројца свештеници од епархијата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.