Македонија

Пет плажи на Охридско езеро ќе добијат нов изглед

Пет плажи на Охридско езеро ќе добијат нов изглед

Министерството за транспорт и врски распиша конкурс за изработка на пет идејни решенија за уредување на плажи на брегот на Охридското Езеро,  и тоа: уредување на 120 метри плажа во населено место Далјан, уредување на 120 метри плажа во близина на т.н. Извиднички камп, уредување на 700 метри плажа на потегот од место викано Студенчишко блато до хотел Парк, општина Охрид, уредување на 500 метри плажа во место викано Љубаништа и уредување на 120 метри плажа во место викано Лагадин, општина Охрид

Право на учество имаат домашни и странски правни лица регистрирани за вршење на дејноста која е предмет на овој конкурс односно да имаат вработено дипломирани инжинери архитекти) и домашни и странски физички лица – дипломирани инжинери архитекти.

Комисијата што ќе одлучува за победничките архитектонски дела ќе додели прва награда за најдоброто идејно решение во висина од 200.000 денари, втора награда во износ од 100.000 денари и трета награда од 50.000 денари. Истовремено, надлежното министерство го задржува правото за откуп на најмногу два други труда во висина од по 20.000 денари.

Со финансиска помош од државниот буџет, планирано е да се изградат најголем дел од новите плажи во периодот до 2017 година.