Пет полицајци повредени во несреќа во струмичко

Пет полицајци се здобиле со повреди кога служебниот џип се превретел кај Ново Село.

Теренско возило џип на Граничната полиција од струмичкото Ново Село, утринава  околу 9.30 часот, излетал од патот и завршил во канал.

Со полесни повреди се здобиле четворица полицајци и еден е потешко повреден, кој има скршеница на вратот. По укажаната, медицинска помош, сите се пуштени на домашно лекување.

Според првичните сознанија, полицајците се превезувале на работа, а по извршениот увид полицијата ќе соопшти подетални информации.