Пет повредени во напад антифашистички клуб во Грција

Пет лица се повредени, од кои тројца посериозно, откако ноќта кон понеделникот група мажи за кои постои сомнеж дека се припадници на екстремната десница, упаднаа во антифашистички клуб во грчкиот град Пиреја.

Напаѓачите носеле метални шипки и запалиле димни бомби кога упаднале во просториите на ценатрот, некаде по 19 часот по локално време. Тие ги нападнале луѓето кои биле во просторијата, кршеле прозорци и уништувале мебел.

Според очевидци, напаѓачите извикувале „крв, чест, Златна зора“, слоган кој го користи есктремно десничарската партија Златна зора, против чии членови во тек се судски процеси поради напад на мигранти и противници, од кои некои и смртоносни.

Меѓу петмината повредени е и адвокат, кој го претставува семејството на Павлос Фисас, музичар кој во септември 2013 година беше убиен од член на Златна зора.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.