Пет причини зошто треба да постите

Доколку сте загрижени дека божикните пости ќе ви го исцрпат организмот, тогаш се грижите без причина. Уште повеќе, постот може да има добро влијание врз вашето тело.

Хормон за раст

Концентрацијата на хормонот за раст во крвта може, благодарение на ваквиот начин на исхрана да се зголеми и до неколку пати. А на сите им е познато дека колку е поголемо нивото на овој хормон, толку е поголема веројатноста дека ќе согориме уште повеќе масти и дека мускулите ќе пораснат уште побрзо.

Детоксификација на организмот

Доколку досега не сте постеле, размислете за оваа опција, затоа што на овој начин ќе го исчистите својот организам од токсини. Од време на време на нашиот организам му е потребен одмор од производите богати со масти.

Трик за… долговечност?

Постојат стотици студии што покажуваат дека животните што се хранат со помал број калории живеат подолго, изјави за WebMD Џоел Фурман, автор на книгата „Јади за да живееш: Револуционерен план за пост и контролирано слабеење“.

Овие истражувања се спроведени на голем број животински видови, од црви до мајмуни и покажаа дека животните што периодично јадат нискокалорична храна имаат подолг животен век.

Го ревитализира организмот и ви дава енергија

По детоксикацијата на организмот и навикнувањето на посна храна, ќе почнете да ги чувствувате сите бенефити на овој режим на исхрана. Набрзо ќе забележите дека се чувствувате поубаво, полесно, помалку подуено и дека имате повеќе енергија за секојдневните задача.

Постот е добар за тенот

Преминувањето на посен режим на исхрана е чудотворно и за вашата кожа, која ќе стане посвежа, поубава и почиста.