Пет производи кои ќе ви помогнат да се ослободите од целулитот

Ако сакате следното лето да го дочекате во топ форма, би требало уште сега да се фрлите на подготовки. Така нема да се доведете себе си во искушение да се изгладнувате пред почетокот на летото. Целулитот е еден од најупорните непријатели на женското тело и затоа ви препорачуваме пет производи кои што успешно се борат против него.

1.Лосос

Слободно уживајте во здравиот лосос и не дозволувајте да ве уплашат приказните дека тој е преполн со маснотии. Тој навистина има доста масти, но тоа се здрави масти кои можат само да ви помогнат за да ослабите и да се ослободите од целулитот. Омега 3 масните киселини во лососот го намалуваат апетитот.

2. Лути пиперки

Доколку сакате лута храна, тогаш во исхраната слободно можете да внесете и црвени, лути пиперки. Тие го забрзуваат метаболизмот и до 25 отсто веднаш по јадењето и се полни со витаминот Б6.

3. Боровинки

Еве уште еден производ кој е многу вкусен, а и исклучително здрав: Боровинките, но и капините го поттикнуваат производството на колагенот и го подобруваат квалитетот на кожата. Но тоа не е се! Боровинките содржат и силни антиоксиданси кои помагаат во согорувањето на мастите врзани за поткожното ткиво.

4. Јаболков оцет

Сигурно сте слушнале за диетата со јаболков оцет, која е делотворна и кај борбата со килограмите, но и кај борбата со целулитот. Благодарение на високата концентрација на магнезиум, калциум и калиум, оцетот помага во детоксикацијата и во исфрлањето на вишокот течности.

5. Црно чоколадо

Звучи неверојатно, но чоколадото може да биде добар сојузник во борбата со испуканата кожа. Какаото е полн со антиоксиданси кои ги разложуваат маснотиите и го подобруваат функционирањето на сите ќелии во организмот, па и на оние што ја градата кожата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.