Магазин

Пет производи кои што ќе „изумрат“ за пет години

Пет производи кои што ќе „изумрат“ за пет години

Времето се чини дека минува многу побрзо во технолошкиот свет. Воопшто не е чудно што овие уреди и производи најверојатно нема да се употребуваат за пет години.

Blu ray/DVD плеери

 

Интернет сервисите за дистрибуција и емитување на програмата како што е Netflix во светот се’ повеќе добиваат на значење. На пример, последното доделување на телевизиските Еми награди било прво кое што ги вклучи и сериите директно снимени за Netflix.

И додека DVD плеерите веќе со години паѓаат во заборав, пазарот на Blu-ray  дисковите и плеерите добива на се’ поголем интензитет. Но, аналитичарите предвидуваат дека 2013-та година била последна во која што е забележан раст и дека ова производство ќе ја доживее истата судбина како и видео касетите со видео рекордерите.

ГПС уредите во автомобилите

За помалку од шест години во светот се продадени  милијарди „паметни“ телефони, и тоа е бројка која ги опфаќа само Android и iOS  телефоните.

Кога ќе се земе во предвиде дека секој од тие телефони содржи квалитетни мапи и навигација, не е чудо што одредени ГПС уреди се’ помалку се продаваат. Посебно кога во предвид ќе се земе цената на тие уреди од 70 до неколку стотина евра.

Со тоа се пишува дека функционалноста на паметните телефони ќе биде уште поголема, само кога производителите ќе поработат на квалитетот на батериите и нивното подолго траење.

Dial up Интернет

Овој вид на Интернет нема многу светла иднина. Само три отсто од Американците употребуваат Dial up Интернет за свои потреби. Широкопојасниот Интернет станува се’ подостапен и поактуелен, кој нуди многу поголема брзина и стабилност.

Дигитални фото апарати

За „смртта“ на дигиталните фото апарати, исто како и за ГПС, виновни ќе бидат „паметните“ телефони. Кога во 2010-та година „Епл“ го претстави својот „Ајфон 4“, целата приказна околу апаратите, камерите и фотографиите засекогаш ќе бидат променети.

Камерите на тие уреди и квалитетот на снимките толку многу ги променија работите така што голем дел од „паметните“ телефони настојуваат да обезбедат што е можно поквалитетна камера. На тој начин, квалитетот на снимките направени со телефоните се изедначува со фотографиите на дигиталните фото апарати, а во одредени случаи да ги надмине.

Клучеви за автомобили

Иако изгледа неверојатно, клучевите за автомобилите, кои со децениите претставуваат своевиден статусен симбол, исто така наскоро ќе исчезне. И овие клучеви ќе станат „паметни“ поради тоа што технологијата на отклучување на автомобили се развива во значително покреативни правци.

Можно е клучевите да добијат своја замена во смартфоните, со оглед на тоа што има се’ повеќе апликации кои што ги заменуваат клучевите.