Пет просечни плати за службеник кој нема да ја практикува двојазичноста, предвидува предлог-законот на Владата

Службеното лице кое работи во државен орган каде ќе се комуницира и на македонски и на албански јазик, доколку не го стори тоа ќе мора да плати казна во висина од една третина од казната што ќе биде изречена на органот

Според новиот Предлог-закон за јазици, СДСМ и ДУИ договориле државните органи да бидат санкционирани со 4.000 до 5.000 евра, додека глоба во износ од 30 отсто од одмерената глоба ќе му се изрече на службеното и одговорното лице во органите.

otsto

Ова значи дека службеното лице во органот ќе плати казна од 1.500 евра доколку не го практикува албанскиот како втор службен јазик.

Со тоа значи дека поради непознавањето и непрактикувањето на двојазичноста, обичен административец може да се случи и пет месеци да работи без пари за да ја исплати казната што му ја одредиле коалициските партнери во власта раководејќи се од условите од ткн Тиранска платформа со чиешто прифаќање Зоран Заев всушност и стана премиер.

За казнувањето ќе се грижи цензорско тело, односно Инспекторат за јазици, а неговите овластувања ќе бидат определени и со посебен закон.