Анализи

светот на елитата Пет работи за Светскиот економски форум во Давос

Пет работи за Светскиот економски форум во Давос

Филмската ѕвезда Кејт Бланшет, кантавторот Елтон Џон и болувудската ѕвезда Шах Рук Кан за својот ангажман на заштита на човековите права се годинешни добитници на наградата на Светскиот економски форум (СЕФ – WEF) кој започнува во вторникот, пишува агенцијата Reuters донесувајќи го прегледот „Пет работи кои треба да се знаат за Давос“.

 

Што е Давос?

Давос е скратени назив за Светскиот економски форум, а во 1971 година го основал германскиот економист Клаус Шваб, како форум преку којшто европските корпоративни челници ќе можат да учат од своите американски колеги.

Политичките челници започнаа да учествуваат на форумот кон крајот на 1970-те и оттогаш тој се преобликува во годишен собир на којшто светските елити, а на нив им се придружуваат интелектулци, активисти, познати личности а понекогаш и демонстранти, расправаат за светските проблеми.

 

Кој доаѓа во Давос?

Агенцијата заебележува дека би било подобро да се постави прашањето „Кој не доаѓа?“. Меѓу 2.500 учесници и 70 светски челници, индискиот премиер Нарендра Моди оваа година ќе биде првиот поважен говорник кој ќе го отвори форумот во вторникот.

На форумот доаѓаат и сите европски челници, меѓу нив и францускиот претседател Емануел Макрон, германската канцеларка Тереза Меј, британската премиерка Тереза Меј, италијанскиот премиер Паоло Џентилони.

Голем број учесници пристигнуваат и од Африка. Меѓу нив и Емерсон Мнангагва кој по четири децении го наследи претседателот Роберт Мугабе на чело на Зимбабве, а од Латинска Америка доаѓаат, меѓу другите, и претседателите на Бразил и на Аргентина.

Истакнати научници, експерти, интелектуалци, исто така, учествуваат, како што се Израелецот Јувал Ноа Харари, автор на делото „Хомо Деус“, психологот од Харвард Стивен Пинкер или младата пакистанска добитничка на Нобеловата награда за мир, Малала Јусафзаи. Австралиската актерка Кејт Бланшет ја прими во понеделникот наградата за својата активност со луѓе кои ги напуштиле своите домови. Елтон Џон е награден за хуманитарната работа во својата фондација за борба ротив СИДА-та, а боливудската ѕвезда Шах Рук Кан за доследната работа за заштита на правата на жените и децата во Индија.

Меѓутоа, особено во фокусот на медиумите и јавноста ќе биде американскиот претседател Доналд Трамп кој би требало да ја затвори конференцијата со говорот во петокот. Неговата мантра „Америка на прво место“, со којашто победи на претседателските избори во ноември 2016-та, е антитеза на светот на слободниот пазар кој традиционално го заговараат учесниците на форумот: слободната трговија, отворените граници и почитување на култураната шареноликост.

Инаку, американските претседатели редовно го избегнуваа форумот во Давoс, бидејќи не сакаа да се поистоветуваат со сликата на политиката и богатството коешто е во фокусот на атмосферата којашто преовладува на овие собири. Првиот и последниот американски претседател кој учестваше на Светскиот економски форум во Давос беше Бил Клинтон во 2000 година. Еден од неговите претходници, Роналд Реган, неколкупати учествуваше преку видео врска, а Буш постариот и помладиот, како и Барак Обама никогаш и на никој начин не беа вклучени.

 

Што е на дневниот ред?

Темата на годинешниот форум во Давос е „Да се гради заеднична иднина со расцепканиот свет“. Програмата е богата и набиена со низа манифестации од работни појадоци, семинари, округли маси до полноќни коктели, проекции на филмови, медитации и вежбање јога.

Во дебатите учествуваат светските лидери од светот на финансиите, економијата, науките и уметностите. Многу панелисти ќе учествуваат во дискусиите за „Четвртата индустриска револуција“, попрецизно за тоа како да се подготват работниците да ја преживеат автоматизацијата и воведувањето на вештачката интелигенција на пазарот на трудот.

Геостратешките предизвици во „времето на Трамп, Брегзит“, како да се разликуваат фактите од фикцијата во ерата на „лажните вести“, примената на вештачката интелигенција во здравството и борбата против „некои идни пандемии“, ризиците за финансиските пазари, и како да се направи економскиот раст инклузивен и иднината на храната, се темите само на првиот ден од собирот.

Ќе се расправа и за родовата еднаквост и за движењето #metoo, коешто во фокусот го постави сексуалното вознемирување и разните облици на злоставување на жените. Имајќи предвид дека жените сочинуваат само петина од сите учесници на форумот во Давос, организаторите инсистираа на тоа да ги вклучат во дебатите за родовата рамноправност.

Предвидена е и дебата на темата „Еден ден во животот на бегалец“, во којаштао, како што пишува агенцијата Reuters, тешко ќе биде замисливо учеството на американскиот претседател Трамп, кој нема да се интересира ниту за панелот за климатските промени во кој ќе учествува поранешниот американски потпретседател Ал Гор.

По проекцијата на филмот „Непријатна вистина“ за опасноста од климатските промени, Гор ќе го прикаже и продолжениет наречено „An Inconvenient Sequel: Truth to Power” (Непријатно продолжување: Со вистината до моќта“).

 

Опуштање на форумот во Давос?

Релаксирањето во вистинската смисла на зборот не е тешко во Давос, највисокото алпско село во Швајцарија кое оваа година е затрупано од снегот. Временските неприлики го нарушија железничкиот и патниот сообраќај кон градот Цирих, но тоа не би требало да претставува проблем за високите гости, коишто во овој монденски скијачки центар пристигнуваат главно се хеликоптер.

За обичните учесници проблем би можело да претставуваат продавниците, бидејќи за големи наемнини многу од нив, па дури и локалната црква, одлучија своите простории да ги отстапат на големите корпорации за форумската деловна седмица. Се снаоѓаат и жителите кои ги изнајмуваат своите домови за гостите по астрономски цени.

Овие „останати“ учесници на собирот, доколку имаат среќа, ќе можат во толпата да ги сретнат познатите и славни личности, некои од нив и „безобразно“ богати, да се дружат на разните национални закуски, коктели или слични „ивенти“ кои ги приредуваат корпорациите или поедини држави.

 

Кој не е повикан?

Околи 4.000 војници и полицајци ќе се грижат за безбедноста на форумот во Давос и спречување на протестите на левичарски, аархистички и антиглобалистички движења. Група млади социјалисти планираат собир во четврток во самиот Давос протви Донал Трамп, што е помалку парадоксално бидејќи американскиот претседател со својот антоглобализам е суштинска спротивност на целите на форумот во Давос. Демонстрантие треба да ги претставуваат 17-те илјади луѓе кои ја потпишале петицијата со којашто Трамп се прогласува за „непосакувана личност“ во Швајцарија. Голем протест против Трамп се очекува во вторник надвор Давос, во Цирих.

Надвор пд Швајцарија, групата под назив „Fight Inequality“ (Борете се против нееднаквоста) планира да им се спротистави на „планините на Давос“ со „планината ѓубре“ којашто ја нагрдува сиромашната населба на кениската престолнина најброби, дае што ќе одржи концерт. Овоој концерт е само една од низата манифестации ширум светот со коишто активистите сакаат да предупредата на нееднагквоста во приходите и можностите кои го делат светот меѓу „еден отсто“ оние коишто учествуваат на форумот во Давос и огромното мнозинство од човештвото коешто таму нема пристап.