Пет ракометари на европскиот првак номинарани за најдобри во светот: Eве како да гласате за играчите на Вардар

Седма година по ред, реномираниот ракометен портал „Handball-planet“ избира најдобар светски ракометар за годината.

Триесет новинари од 27 различни земји направија избор на најдобрите 32 ракометари за 2017 година, по четири од нив на секоја позиција, за кои фановите ќе можат да гласаат за секој на својата позиција.

Оние кои ќе добијат најмногу поени ќе влезат во тимот на годината, а само еден ќе ја понесе титулата најдобар ракометар на светот.

Ракометните фанови се до 7 декември ќе може да го дадат гласот, а во изборот се и шест ракометари од европскиот шампион, македонскиот Вардар.

На позицијата за најдобро лево крило од тимот на Вардар номиниран е Тимур Дибиров, на кој конкуренти ќе му бидат Толбринг (Рајн-Некар), Генсхајмер ( ПСЖ) и Сигурдсон ( Рајн-Некар). За Дибиров можете да гласате ТУКА.

Играч на европскиот шампион е номиниран и на позицијата лев бек. Се работи за најдобриот стрелец на црвено-црните оваа сезона, Вуко Борозан, кој е и шестти најефикасен играч во Лигата на шампионите. Борозан има конкуренција во Сагосен и Хансен од ПСЖ и Илиќ од Веспрем. За Борозан можете да гласате ТУКА.

Лука Циндриќ ќе се бори за најдобар на позицијата среден бек, заедно со Лекаи ( Веспрем), Шмид (Рајн-Некар) и Карабатиќ ( ПСЖ). За Лука Циндриќ можете да гласате ТУКА.

Херојот на Вардар, Арпад Штербик очекувано се најде во изборот за најдобар голман. Во оваа категорија се уште и Андерсон (Фленбург), Ландин ( Кил), Перез Де Варгас ( Барселона). За Штербик можете да гласате ТУКА.

Илија Абутовиќ се најде во изборот за најдобар дефанзивен играч, заедно со Карлсон (Фленсбург), Карабатиќ (ПСЖ), Морос ( Барселона). За Абутовиќ можете да гласате ТУКА.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.