Пет секси фантазии на жените во врска

Сексуалните фантазии не исчезнуваат кога ќе се впуштите во долгогодишна врска или во брак – напротив тоа е зовршено време за остварување на сите мали секси желби.

Можеби креативноста кај жените во врска се буди токму затоа што практикуваат секс само со еден партнер, а можеби некои нешта едноставно никогаш не се менуваат.

Овие пет се најчестите сексуални фантазии кај жените во врска:

  1. Губење контрола

Можете тоа да го наречете ефект на Педесет нијанси сива, но голем број жени сакаат да ја препуштат својата контрола на мажот. Уште повеќе, тоа сакале да го сторат многу поодамна, уште пред да биде напишана оваа популарна книга. Ако сте расположени за врзување и превез на очите, немојте да се грижите – не сте единствени, има уште милиони други што го делат вашиот интерес.

  1. Секс на необично место

Уживањето во спалната соба е во ред, а понекогаш жените сонуваат за секс на необично место. Високо на листата на пожелните локации е сексот во хотелска соба со поглед на океан, секс на плажа, секс во кујна или сензуално истражување на телото на партнерот во када.

  1. Секс со странец

И додека…