Пет сигурни знаци дека му недостигаш

Без разлика на тоа дали сте во долга врска, кратка, дали сте оддалечени или сте во истиот град… Кога љубовта ќе тропне на врата, неминовно е да сакате да бидете со саканата личност. Кога пеперутките ќе проработат во стомакот, единствено што сакате е секој миг да бидете со саканата личност. Истото се лсучува и со мажите, иако можеби тие малку потешко признаваат.

Во продолжение следат пет сигурни знаци кои откриваат дека тој целосно „полудел“  по тебе и дека сака секој миг да ти го посвети.

Ти праќа неважни пораки за и понатаму да се допишувате

Тој заминал на неколку дена во друга држава, град… Но, тоа не го спречува и понатаму да се допишува со тебе? Се навикнал со тебе да разменува голем број пораки и не сака да се одрече од тоа уживање. Ти си му важна и сака да ти посвети внимание и во оние мигови кога не сте заедно.

Често имаш пропуштени повици од него

Освен допишувањето, тој сака да ти го слушне гласот и во оние мигови кога не сте заедно да ти го посвети своето време. Секако, овде не мислиме на вознемирување и гушење, туку на еден суптилен знак дека на твојот партнер навистина му дошло до тебе и дека е „вљубен до уши“. Ненадејниот повик со порака: „Само сакав да те слушнам“ сигурно ќе ти го разубави денот.

Не мора долго да чекаш на неговиот одговор

Ти си на врвот на негтовата листа на приоритети и нема да дозволиш да чекаш на одговор. Во миговите кога е во голема гужва, ќе ти објасни дека во тој момент не е во можност да разговара.

Бара твои фотографии

Многу често додека разговарате го слушаш прашањето: „Сакаш да ми испратиш слика?“. Не затоа што е манијак, туку затоа што сака да ја добие твојата најубава и најобична фотографија. Едноставно речено: Тој е вљубен и му недостигаш.

Прави луди планови за вашата следна средба

Секогаш има план како да поминете совршен викенд или за излегување. Ти си речиси во секој негов план, а тој сака секој план да го направи совршен.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.