Пет ситници за среќа во домот

Доколку сакате вашиот дом да биде исполнет со позитивна енергија, тогаш внесете ги овие пет ситници што треба да ви донесат среќа.

Свежо цвеќе

Доколку на некое видливо место во вашиот дом ставите свежо цвеќе, тогаш среќата нема да ве заобиколи. Само немојте да ставате цвеќе со боцки или кактус.

Обоени врати

Ако вратите ви се свртени кон југ, тогаш обоете ги во црвена или во портокалова боја. Доколку вратите ви се свртени кон северната страна тогаш треба да бидат во сина или црна боја. За западната страна идеална е сивата или белата боја, а оние свртени кон исток ќе ви донесат среќа ако се во кафеава или зелена боја.

Распоред на мебелот

Се верува дека кружно поставениот мебел помага во протокот на енергијата. Исто така се смета дека креветот свртен дијагонално кон вратата на спалната соба ќе го исполни домот со позитивна енергија.

Потковица

Голем број култури веруваат дека коњската потковица обесена над вратата носи среќа. Ако потковицата е свртена нагоре тоа ќе осигура среќата да не исчезе, а ако е свртена надолу среќата ќе падне на секого што ќе влезе низ таа врата.

Ловец на соништа

Обесен во спалната соба, ловецот на соништа ве штити од кошмари.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.