Пет собраниски комисии денеска ќе имаат седници

Во Собранието денеска седници ќе одржат комисиите за образование, наука и спорт, за финансирање и буџет, за здравство, за одбрана и безбедност и Законодавно-правната комисија.

Комисија за образование, наука и спорт Предлог ќе го разгледува Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за спречување на насилството и недостојното однесување на спортските натпревари, во прво читање, а Комисија за здравство Предлог законот за дополнување на Законот за земање и пресадување делови на човечкото тело заради лекување, исто така во прво читање.

Членовите на Комисијата за финансирање и буџет треба да расправаат по предлог законите за изменување и дополнување на Законот за јавните набавки, на Законот за експропријација, на Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост, на Законот за вршење сметководствени работи, на Законот за игрите на среќа и за забавните игри, сите во прво читање, како и po Предлог законот за дополнување на Законот за користење и располагање со стварите на државните органи, во прво читање.

На дневен ред на Комисијата за одбрана и безбедност е Предлог одлуката за испраќање припадник на Армијата на Република Македонија за учество во мировната операција на Обединетите нации, УНИФИЛ во Либан.

Пред Законодавно-правната комисија сe законите кои се на дневен ред на останатите собраниски тела.