Пет собраниски комисии денеска ќе одржат седници

Во Собранието денеска седници ќе одржат комисиите за политички систем и односи меѓу заедниците, за економски прашања, за надворешна политика и за образование наука и спорт, како и Законодавно-правната комисија.

На дневен ред на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците се повеќе закони по скратена постапка, во второ читање, како Предлог-законот за изменување на Законот за основање на Македонска академска истражувачка мрежа, Предлог-законот за изменување на Законот за управната инспекција, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за инспекциски надзор, Предлог- законот за изменување и дополнување на Законот за архивски материјал, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за катастар на недвижности, Предлог-законот за изменување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за вештачење…

Членовите на Комисијата за економски прашања ќе расправаат по Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за државната статистика, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за државен пазарен инспекторат, Предлог-законот за дополнување на Законот за метрологија, Предлог- законот за изменување на Законот за основање на Агенција за промоција и поддршка на туризмот во Република Македонија, Прадлог-законот за изменување и дополнување на Законот за акредитација, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за Геолошкиот завод на Република Македонија, … сите по скратена постапка.

По скратена постапка и во второ читање се и предлог законите кои се на дневен ред на Комисијата за образование, наука и спорт, како Предлог-законот за изменување на Законот за спортот, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за Бирото за развој на образованието, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за Државниот испитен центар, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за образование на возрасните, Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за високото образование…

Седница денеска ќе одржи и Законодавно-правната комисија на чиј дневен ред се повеќето закони кои се на дневен ред и на комисиите за политички систем и односи меѓу заедниците, за економски прашања и за образование, наука и спорт.

На Комисијата за надворешна политика, пак, отчетно обраќање ќе има амбасадорот Велибор Топаловски за вршењето на должноста амбасадор на Република Македонија во Италијанската Република, кој воедно ќе ја претстави и платформата за дипломатски активности во Арапската Република Египет каде е новоименуван амбасадор, како и новоименуваниот амбасадор на Република Македонија во Република Словенија, Томи Димитровски.

Отчет за сработеното ќе имаат и амбасадорот Слободан Ташовски за вршењето на должноста амбасадор на Република Македонија во Индија и амбасадорот Љубен Тевдовски за вршењето на должноста амбасадор на Република Македонија во Канада.

Платформите за дипломатски активности ќе ги презентираат и новоименуваниот амбасадор на Република Македонија во Индија, Тони Атанасовски и новоименуваниот амбасадор на Република Македонија во Јапонија, Андријана Цветковиќ.

На дневен ред на седницата на оваа Комисија е и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за надворешни работи, во второ читање, по скратена постапка

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.