Пет сообраќајки за 24 часа во Скопје

Пет сообраќајки се случиле во текот на изминатото деноноќие на подрачјето на град Скопје.

Од нив, една е со последица материјална штета и две се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле еден пешак и еден велосипедист.

Се случиле уште две незгоди со последица тешка телесна повреда во кои со тешки телесни повреди се здобиле еден возач на патничко моторно возило и двајца пешаци, а со телесни повреди се здобил еден возач на патничко моторно возило.