Пет совети за побрз раст на косата

Доколку мечтаете за долга и сјајна коса, овие пет совети ќе Ви помогнат да ја постигнете целта!

Користете хидратантна маска еднаш неделно

Регенераторот кој и дава влажност на косата не е доволен ако сакаме да ја стилизираме косата, бидејќи не ја штити од топлина. Исто така честото фарбање ја суши косата, така што и е неопходна дополнителна нега. Одберете препарат кој содржи хидратантни состојки со чија помош вашата коса ќе остане здрава, ќе ја врати еластичноста, но и ќе биде обновена нејзината внатрешна структура, со што ќе се намали наелектризираноста .

Внимателно и нежно расчешлувајте ја косата

Грубото чешлање, без разлика дали на мокра или сува коса, може да предивика микроскопски солзи во косата. Фризерите препорачуваат дрвена четка со запци од природни влакна, како и четкање во насока од краевите кон коренот на косата, со што ќе се избегне пукањето на краевите на косата.

Посебно внимание посветете на краевите на косата

За да постигнете вашата коса да биде ултра долга или барем да создадете илузија за нејзината должина – мора да се потрудите вашите краеви да изгледаат здраво и сјајно. Доколку краевите се расцветани изгледаат пократки.

Негувајте ја косата и однадвор и одвнатре

Протеините се клучни кога станува збор здравата коса, така што со избалансираната исхрана, односно редовно внесување на намирници кои содржат високо ниво на протеини ќе ја зајакнете вашата коса.

Препорачливо е и внесување на елементарните масни киселини (ореви, авокадо и ленено семе) и витамин Б (киви и семки од тиква), што ќе помогне во зачувувањето на краевите на косата.

Заштитете ја косата од оштетување

Покрај механичкото оштетување на косата и претераното изложување на топлина може да го унити надворешниот слој на косата, кој има заштитна улога. Резултат: лесно кршливи краеви…

Неопходно е да се зачува природниот заштитен слој на косата, особено пред стилизирањето, за да се намали оштетувањето, а краевите да останат здрави, па затоа треба да користите хидратантни производи.