Магазин

Пет тајни што не треба да ги споделувате со колегите

Пет тајни што не треба да ги споделувате со колегите

Во текот на работните денови со колегите и со колешките поминуваме повеќе време отколку со најблиските, но сепак има тајни што не треба да ги споделувате со нив.

Иако добро ги познаваме, заедно со нивните слабости, смислата за хумор, навиките, „бубачките“ и без разлика на тоа што сме блиски, постојат работи што не треда да ги споделувате со колегите, а прашањето што се поставува е, кои се тие тајни.

Според Вол Стрит Журнал за она за што не сакате да го дознае вашиот шеф немојте да говорите на работното место.

  1. Вашите лични или политички уверувања

На работното место не треба да говорите за вашите ставови за абортусот, некомпетентните политичари и за политиката воопшто. Ако имате премногу радикални мислења за политичките теми – без разлика дали сте премногу лево или десно ориентирани, многумина би можеле да ве сфатат сериозно. Исто така, политиката многу повеќе може да раздели, отколку да соедини.

  1. Здравствена состојба или болест, до детал

Кога сте болни и неможете да ја извршувате работата ефективно, тоа треба да му го кажете на работодавачот и тоа накратко и во насока на тоа колку време ќе отсуствувате. Немојте да ја опишувате болеста до детал, ниту кои лекови ги користите…

  1. Дали конзумирате алкохол и/или марихуана

Иако медицинската марихуана во голем број земји е легална, информацијата дека конзумирате марихуана треба да ја задржите за себе си. Целиот процес на легализација е и ќе биде чувствителна тема и голем број ваши коелги тоа нема да го прифатат со одобрување.  Исто така, ако претходната ноќ сте биле на „луда журка“, тоа исто така не треба да го споделувате со колегите. Никогаш не се знае кога некој „ќе ве земе на заб“ поради вашите ситни гревови.

  1. Висина на платата

Во голем број фирми е забрането да се дели информацијата за висината на вашата плата. Тоа и има смисла затоа што постои ризик дека колегите ќе бидат љубоморни едни на други. Можно е да ви љубоморат на вашата плата но и вие да се чувствувате потценето. Проблемот е во тоа што вие не знаете дали другите ја говорат вистината, а и немате секогаш увид во тоа кој колку и што работи.

  1. Финансиски или семејни проблеми

Сите ги имаме овие проблеми и кога ќе не притиснат, мошне е тешко да се фокусираме на работата. Попрво би сакале да им се довериме на колегите и да си олесниме. Но воздржете се од тоа, никогаш незнаете до кого ќе стаса информацијата за вас, а вие не сте сакале да биде така.