Пет типови на жени во кревет

Најголем дел од мажите, сексот го сметаат за мисија за која освен себе треба да ја задоволат и партнерката. Притоа, мажите даваат се од себе, и најмалку што можат да очекуваат е партнерката да сфати дека треба ангажман и од нејзина страна.

Премногу се труди или елемнтарна непогода

Овој тип на девојка има добар потенцијал да постане порно ѕвезда. Поради тоа што не се труди премногу, сексот со неа не претставува претерано задоволство. Нејзините движења се некоординирани, изненадни и може да внесе забуна. Ќе заборавите на уживањето, бидејќи ќе се концентрирате на тоа да не ве повреди. Најчесто се работи за неискусни девојки кои немале прилика да научат дека и машкиот полов орган може да се повреди.

Уплашена

Оваа девојка не мора да биде девица, но најчесто и откако ќе ја изгуби невиноста се однесува така. На сексот гледа со страв и не знае како да се однесува. Едноставно не може да се препушти Секогаш одава впечаток дека се уште не е подготвена за секс. Веројатно ќе свршите, но секогаш ќе имате грижа на совест.

Не се мрднува

Девојките од оваа група не знаат, не им е до тоа да направат нешто за да ви помогнат. Ако гледаме оптимистички, барем не прават нешто за да ви отежнат. Веројатно за разлика од жените од претходните групи, ќе доживеат повеќе оргазам бидејќи го оставаат партнерот да го направи она што наумил. Добро ќе си поминат и со партнер на кој уживањето на партнерката му е на прво место.

Девојка која се труди

Оваа девојка сигурно имала една сериозна врска во која научила дека жената на мажот не му служи како кукла на дување. Не и е пријатно со пријателките да зборува за сексот, но затоа се инфромира на интернет и ги следи форумите за да му пружи повеќе задоволство на мажот. Сите девојки/жени порано или подоцна ќе влезат во оваа фаза. Потребна е само една врска со маж кој знае што сака и не му е незгодно за тоа да зборува. Сите после него ќе му бидат благодарни.

Таа која знае

Станува збор за девојка која знае што прави. Поради нејзе пропаѓаат врски, се распаѓаат бракови, се водат војни, паѓаат влади. Сексот со неа е фантастичен, таа е божица на сексот. Главно тоа е тоа, не треба да „мозгате“ дали тоа го научила гледајќи порно филмови или со мажите пред вас.Создадена е за секс и совршено е свесна за тоа. Убаво е да налетате во нејзнините канџи.