среда, 7 декември 2016  |  Вести денес: 43

Пет трикови за да изгледате одлично на секоја фотографија

Важно е да изберете добар агол, светлост и позадина, бидејќи никогаш не е исто ако некој ве слика кога во позадина имате растурен кревет и куп од облека, наместо среден простор.

photos-650x396

Последни вести

Сакате да се фотографирате, да го фатите и запомните секој важен момент од вашиот живот, но по некое непишано правило, секогаш сте незадоволни од фотографијата.

Затоа, еве неколку лесни и брзи трикови, кои ќе ви помогнат да изгледате одлично секој пат кога некој ќе ве фотографира.

1. Важно е да изберете добар агол, светлост и позадина, бидејќи никогаш не е исто ако некој ве слика кога во позадина имате растурен кревет и куп од облека, наместо среден простор. Истото важи и за природните пејзажи. Кога сте во природа, посебно внимавајте на аголот и светлината.

2. Сликајте се повеќе пати за да имате можност да изберете. Наместо една фотографија, направете 3 слични, па одберете ја најубавата.

3. Облеката е најважна. Најважниот предуслов да изгледате добро на фотографиите е да сте соодветно облечени. На тој начин, првенствено ќе имате голема самодоверба, што значи дека и на самата фотографија ќе зрачите со позитивна енергија и убавина.

4. Научете се да позирате. Колку и да ви е смешно, застанете пред огледало и испробувајте различни насмевки и разгледајте го ликот, од која страна повеќе ви се допаѓа. Само не правете чудни гримаси, ниту на пробите, ниту на фотографиите. Нема потреба, навистина.

5. Вашата среќа и расположение се гледа на фотографиите, без оглед на тоа колку мислите дека ликот ви изгледа несразмерно и лошо. Зрачите со позитивна енергија, тоа ќе се забележи и на фотографијата.

Најчитани вести