Пет видови грицки кои можете да ги јадете колку сакате

Да не дојде до забуна, зборуваме за навистина вкусни грицки кои можете да ги јадете колку сакате!

Иако грицкањето меѓу оброците е најголем непријател на витката линија, постојат намирници во кои можете да уживате и да бидете безгрижни. А кога тоа го велиме, не мислиме на зелена салата без сол, туку на вкусни грицки кои можете да ги конзумирате колку сакате.

Пуканки

Верувале или не пуканките се една од најздравите и најмалку калоричните грицки кои постојат.

Не зборуваме за пуканки со вкус на сирење или путер, туку за класични пуканки кои можете да ги подготвите со малку масло и сол. Пуканките имаат минимално калории и содржат влакна кои се добри за варењето на храната. Доколку сакате да ги зачините, додајте малку пиперка, чили прав или бибер.

Кисели краставички

Речиси не постои човек кој не ги сака киселите краставички, особено домашните. Шолјата полна со кисели краставички има само 16 калории, па затоа ова е намирница која може да се конзумира при било која диета или во било кој оброк во текот на денот.

„Карпацио“ од тиквички

Ако се уште не сте го пробале ова превкусно јадење, сега е време бидејќи станува збор за одлична намирница која може секој да си ја дозволи во неограничени количини. Тиквичките наредете ги на тенки, сплескани парчиња и прелијте ги со лимонов сок. Тајната се крие во тоа што лимоновиот сок ги топи маснотиите, а самиот оброк има малку калории.

Чипс од кељ

Ова е најздравата замена за масниот и калоричен чипс од компир. Станува збор за нискокалоричен вид грицки, која можете да ја јадете во неограничени количино. Исчистете ги листовите од кељ од дебелите стапчиња и скинете ги на мали парчиња. Посолете ги, премачкајте ги со маслиново масло, ставете ги на плех и печете ги околу 10 минути, односно додека ливчињата не се исушат. Овој здрав чипс е многу вкусен и можете да го јадете кога сакате и колку сакате.

Бадеми, ореви и лешниците


JATKASTII-PLODOVI1

Сите знаеме дека јаткастите плодови се здрави и хранливи и можеме да ги конзумираме меѓу оброци. Една рака од овие здрави плодови, воедно и ве штитат, а во комбинација со сушено овошје како сувото грозје, сливи или смокви се непобедливи борци против гладта.