ФОТО: Судир меѓу пет возила во Аеродром

ФОТО: Курир
ФОТО: Курир

Судир меѓу пет возила во Аеродром. Двајца возачи се повредени во сообраќајна несреќа во која учествувале пет возила во скопски Аеродром, пишува „Курир“.

ФОТО: Курир
ФОТО: Курир

Несреќата се случила на раскрсницата со булеварите „Трета македонска бригада“ и „Србија“, а во истата учествувале три патнички и две товарни возила, од кои четири со скопски едно со струшки регистерски ознаки.

ФОТО: Курир
ФОТО: Курир

Според првичните информации повредени во сообраќајката се возачите на „Рено Меган“ и „Опел Вектра“ кои се пренесени во Ургентен центар, но засега нема детали за нивната здравствена состојба.

Полициски екипи се на терен и во тек е увидот.