Пет женски навики што ја убиваат машкоста кај мажот

Преовладува мислењето дека секоја жена сонува за тоа да формира цврста и здрава врска со некој убав и мажествен партнер. Сепак, голем број од нив не сфаќаат дека да се биде во врска со самостоен и „вистински“ маж не е лесно, од проста причина што тоа бара постојан развој на односите и обострана почит.

Машкоста е главна одлика на природата на припадниците на посилниот пол. Мажите со таа особеност се навикнати да се натпреваруваат, да се борат, а жените се обидувале да го „претворат лавот во послушно и безопасно маченце“.

Гледано од женска перспектива, мажот би требало да им рече „збогум“ на пријателите, на слободните активности и целосно да и’ се посвети нејзе и на семејството.

Како што наведува порталот „Womanitely“, поубавиот пол и понатаму верува дека таквиот пристап ќе им помогне да создадат среќно единство во семејството, но и на тој начин да ги избегнат расправиите, што секако, често не се случува.

Еве пет најчести работи што им ја одземаат машкоста на мажите.

  1. Преземање целосна контрола над неговиот живот

Жените се доста активни и љубопитни суштества. Воглавно сакаат да направат се’ за да бидат успешни во се’ што прават. Кога се мажат, го поместуваат својот фокус кон животот на мажот. Прават длабока анализа на неговиот начин на живот и се обидуваат да го контролираат секој чекор на партнерот.

Во пракса, мажот неможе да биде среќен во бракот без малку сопствен простор и доверба. Некои тврдат дека на мажите им се доволни само два до три часа дневно за да почуствуваат „привремена слобода“ и во тој период да ги средат мислите. Припадниците на машкиот пол често се лутат доколку жената им „се плетка“ во нивните работи.

Тешко е да се решите од лошите навики, но доколку жената го сака својот партнер и сака тој и понатаму да биде симбол на машкост, тогаш треба да попушти. Треба постојано да имате на ум „дека треба да си ја гледате својата работа“, а на тој начин ќе го унапредите квалитетот на семејниот живот.

  1. Жените се обидуваат да бидат силни и моќни како мажите

И покрај тоа што жените и мажите се еднакви, поубавиот пол во модерното доба се обидува да доминира во голем број области од животот. Одбиваат да ги следат правилата на „старата школа“ и принципите на старите генерации, затоа што да се биде повлечена, срамежлива, женствена и нежна не е веќе толку престижно и модерно.

Новите приоритети на жените се пари, престиж, доминација и моќ, а некои тврдат дека поради тоа делува како целиот свет да се превртел наопаку.

„Womanitely“  наведува дека не е добро жените да ја губат женственоста и да се однесуваат како мажи. Нема причина да се нарушуваат законите на природата според кои жените се женствени, а мажите ја имаат машкоста.

  1. Менување на карактерот на мажот

Што и да правите, невозможно е да го промените карактерот на возрасниот маж, но жените со целото свое срце веруваат дека можат да успеат во тоа, без разлика на околностите.

Сепак, се поставува прашањето како жената може да го промени карактерот на самостоен и мачо маж. Еден од најефективните начини е емоционалната уцена. Дури и разумните мажи се подготвени да направат се за „нивната принцеза“.

Ако навиката на жената постојано да му додева на мажот е посилна од љубовта кон него, таа најверојатно ќе победи. Припадничките на поубавиот пол би требало да имаат во предвид дека животот по нивните правила ќе влијае врз тоа нивниот партнер да се чувствува како најнесреќната личност на планетата.

  1. Претекнување и зауздување на мажот

Иако можеби ви е тешко да поверувате во тоа, но жените се вљубуваат во мажествени, бестрашни и интересни мажи, но подоцна преферираат да се омажат за мажот што помалку е „папучар“. Зошто жените сонуваат за тоа да му ги „скршат крилјата на мажот“? Причината за на тоа најверојатно е стравот дека ќе останат без љубовта на својот живот, но дејствувањето на тој начин има свои предности, но и недостатоци.

Животот на жената станува полесен, ако знае дека нејзниот пасивен и предвидлив партнер седи дома и се игра со децата. Немора да се грижи за неговите екстремни слободни активности и интереси. Сепак, наскоро таквиот живот ќе го исполни мажот со тага и меланхолија.

Голема веројатност е врската, каде правата и приликите на партнерот се ограничени, да не преживее. Двајцата партнери би требало да соработуваат и да комуницираат со пријателите и семејството, затоа што бракот и врската не се затвор, туку среќна заедница.

  1. Остри зборови за партнерот

Статистиката тврди дека сонот на секој маж денес е постепено да ја претвора својата сопруга во кралица, додека жените сонуваат за тоа да пронајдат, мудар, храбар и богат крал. Сосема е нормално да сакате да живеете комфорен и лагоден живот.

Жените би требало да внимаваат што говорат, затоа што навредливите зборови може да повредат повеќе од било што друго.

Психолозите тврдат дека би требало да се избегнуваат зборовите како „губитник“ или „слабак“ затоа што тие може да ја нарушат самодовербата кај мажот.

Жените би требало да се обидат заедничките цели да ги постигнат во двојка и да не го обвинуваат партнерот за неуспесите и проблемите што се случуваат во животот. Треба да го мотивирате вашиот „витез“ затоа што вие сте му главен извор на инспирација.

Секоја успешна и мудра жена ја цени машкоста кај мажот, затоа што таа вештина е важен дел од љубовта и среќата во семејството. Обидете се да ги контролирате навиките и ќе сфатите дека сонот да го „скротите“ мажот може да ја уништи вашата врска, затоа што достоинството и слободата се главни приоритети кај мажот.