Пет знаци дека на вашето тело му треба витамин Ц

Витаминот Ц е состојка која можеме да ја пронајдеме во поголемиот дел од производите кои секојдневно ги консумираме, го има во речиси сите овошја и зеленчуци.

Но иако го има речиси насекаде, поради лошите животни навики и исхраната сиромашна со хранливи состојки, може да дојде до намалување на количината на витамин Ц во организмот, а тоа да доведе до појава на низа здравствени проблеми.

Овој витамин е од витална важност за нашиот имунитет, за здравјето на коските, а без него телото не може да ги прифати железото и одредени протеини.

Знаци дека ви недостасува витамин Ц:

  1. Константно чувство на замор и исцрпеност.
  2. Промени во расположението проследени со лутина и нервоза без причина.
  3. Пад на имунитетот поради кој телото не може да се бори против вирусите и бактериите кои предизвикуваат инфекции и алергии.
  4. Крвавење од непцата и промена на бојата на забите.
  5. Појава на модрици без одредена причина.